ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го поддржи законот за одбрана, но под еден услов, да не се менува името на Армијата, односно да не биде “Армија на Република Северна Македонија“.
Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска не разбира зошто ВМРО-ДПМНЕ сега се сети да го блокира законот за одбрана.
Претседателот Пендаровски вели дека името на Армијата се одредува со Уставот каде го пишува новото име на државата.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ до сега блокираше неколку закони во Собрание, додека премиерот Зоран Заев најави дека доколку до формирање на техничката влада на 3 јануари не поминат законите кои се сметаа за важни, тогаш предвремените избори на 12 април ќе бидат под знак прашалник.