Македонија

ИНФЛАЦИЈАТА ПОД КОНТРОЛА – Министерството ги следи цените и најавува реакција при неоправдани поскапувања

ИНФЛАЦИЈАТА ПОД КОНТРОЛА – Министерството ги следи цените и најавува реакција при неоправдани поскапувања

Инфлацијата во октомври годинава достигнала 3,3 проценти во споредба со истиот месец лани, додека на месечно ниво е забележан раст од 0,4 проценти. Ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, кои укажуваат на умерени ценовни промени во текот на месецот.

Од Министерството за економија и труд велат дека внимателно ги следат движењата на пазарот, особено цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити куповната моќ на граѓаните и нивниот животен стандард.

„Министерството за економија и труд континуирано ги следи ценовните движења, особено кај основните прехранбени производи, и ќе продолжи внимателно да ја анализира состојбата на пазарот“, посочуваат од Министерството.

Оттаму уверуваат дека институциите се подготвени да реагираат доколку се утврдат неоправдани поскапувања или дополнителни притисоци врз семејните буџети.

„Доколку се утврдат неоправдани ценовни зголемувања или дополнителни притисоци врз животниот стандард, во координација со надлежните институции ќе се разгледа потребата од преземање соодветни мерки“, нагласуваат од Министерството.

Зачувувањето на стабилноста на пазарот и заштитата на куповната моќ на населението, како што посочуваат од институцијата, остануваат меѓу главните приоритети и во наредниот период.

„Нашата цел е да се зачува стабилноста на пазарот, да се заштити куповната моќ на граѓаните и навремено да се реагира доколку пазарните движења го наложат тоа“, порачуваат од Министерството.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни