Инфлацијата во еврозоната достигна нов рекорд

Во јули е поставен нов апсолутен рекорд на инфлација во еврозоната – 8,9% на годишна основа наспроти 8,6% во јуни. Ова се наведува во објавениот извештај на европската статистичка агенција Еуростат. Годишната инфлација во еврозоната се зголеми за 3,5 пати од 2,16% лани за јули.

Месечната инфлација се зголеми за 0,1% во јули по растот од 0,8% во јуни.

Главната причина за високата инфлација е поскапувањето на енергенсите. 39,7% на годишна основа по пораст од 42% во претходниот месец, додава Еуростат.

Цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за 9,8% во јуни од 8,9% во мај, а индустриските производи се зголемија за 4,5% од 4,3%. Растот на трошоците за услуги забрза на 3,7% од 3,4% во јуни.

Брзиот пораст на инфлацијата во еврозоната започна во август минатата година со почетокот на енергетската криза во Европската унија.

Оттогаш не може да се запре инфлацијата и таа се зголемува секој месец. Додека во август 2021 година изнесуваше 2,96%, во февруари 2022 година се зголеми на 5,87%, а во март 7,44%.