Инфлацијата во Хрватска во април се забрза на 9,4 отсто

Инфлацијата во Хрватска се забрза на 9,4 отсто на годишно ниво од 7,3 отсто во март, според Хрватскиот статистички институт.

Ова е највисокото ниво од почетокот на оваа статистика.

Пред овие последни бројки, инфлацијата во Хрватска беше највисока во јули 2008 година од 8,4 отсто.

Во однос на април лани, најмногу поскапеле транспортот – 16,4 отсто, потоа храната и безалкохолните пијалоци 12,8 отсто, рестораните и хотелите 11,1 отсто, мебелот и апаратите за домаќинство 9,9 отсто.