Граѓанската иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ повикува на протест, за како што велат, да се стопира уништувањето на овој туристички центар
„Во сабота (12 jануари 2019), со почеток во 11 ве покануваме да протестираме сите заедно кај жичницата Тетово – Попова Шапка против уништувањето на овој туристички центар.Туризмот што го имаат Струга и Охрид за три месеци, Тетово требаше да го има за дванаесет месеци!
Да се мобилизираме што повеќе за да ја изразиме нашата подготвеност да побараме одговорност од Владата, за да ги преземе потребните чекори кон трајното решавање на проблемите на Попова Шапка. Да ја спасиме Попова Шапка”, се вели во повикот за протест.
Тие го повикаа и премиерот Зоран Заев да дојде на Попова Шапка за лично, како граѓанин, да се запознае со проблемите кои ги има овој ски-центар.
