Успешно е приземјена новата роботска сонда на Марс наречена “InSight” , соопштија од НАСА.
Сондата ќе ја истражува внатрешната структура на Марс. Потврдата за успешното приземјување беше во 20:50 часот по наше време. Неизвесноста траеше седум минути, а сондата испраќаше информации за своето слетување.
Во НАСА се славеше успешното слетување на рамна површина на “InSight” во близина на екваторот на Марс. Во следните неколку часа треба да стигнат и првите снимки.
Ова е прва мисија наменета за испитување на внатрешноста на планетата и научниците сакаат да дознаат од што е составена таа.
