Инспекторатот за животна средина по направената контрола известил дека не постои опасност за здравјето на луѓето од пожарот во кругот на фабриката ОХИС, бидејќи опасни хемикалии таму одамна нема, а линданот кој треба да се отстрани е незапаллив, објави Центарот за управување со кризи на својата фејсбук-страница.
„Во 18:00 часот пожарот е локализиран, зафатена била претежно сува трева и дел од поранешната зграда на фабриката Билјана“, додаваат од таму.