Социјалната мрежа Инстаграм повторно создава проблеми за корисниците.
Па така, во текот на вчерашниот ден во целиот свет се пријавуваа проблеми со Инстаграм.
Многу од корисниците известуваат дека погрешно ги вчитуваат приказните на Инстаграм или воопшто не ги вчитуваат, а некои корисници известуваат дека не можат да ја освежат почетната страница на таа социјална мрежа.
Исто така, постојат проблеми со испраќање пораки, како и разни други проблеми со деловни сметки.
Да потсетиме, претходно имаше најголем пад на услугите на Фејсбук во историјата. Инстаграм, Фејсбук и Ватсап не работеа за милиони корисници ширум светот речиси седум часа.
