Македонија

Интерпелациите не ја плашат Владата – Дали Владата би „преживеала“ ако се гласа за нејзина доверба?!

Власта не ја плашат ниту интерпелациите, ниту гласањето доверба, но од друга страна бараат од опозицијата конструктивност и да имаат предвид дека сме во време на пандемија, но и дека треба да се отворат пристапните преговори. Првиот вицепремиер, Артан Груби, запрашан околу можната интерпелација против него и министерот за надворешни работи, рече дека не стравува од такви работи, туку од недостиг на идеи од опозицијата.

И министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, се сомнева дека опозицијата ќе успее околу барањето за гласање доверба на Владата.

Пред неколку дена, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека до Собрание ќе поднесе барање за гласање доверба на Владата.

Темата за покренување интерпелација, дури и гласање доверба, се отвори откако земјата не ги започна пристапните преговори затоа што Бугарија стави вето поради историските спорови меѓу двете земји. И албанската, и македонската опозиција се произнесоа „за“ интерпелација против Заев, Османи и Димитров, но последното интервју на премиерот Заев за бугарски медиуми, ја натера опозицијата да најави и гласање за доверба на Владата. Мицкоски дури рече дека Заев ги урнал преговарачките позиции и дека веќе нема враќање назад.

The post Интерпелациите не ја плашат Владата – Дали Владата би „преживеала“ ако се гласа за нејзина доверба?! appeared first on TV21.mk.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни