Авион на „Изи Џет“ од Велика Британија за Турција е пренасочен кон Грција откако двајца пијани патници почнале да им викаат на сопатниците и членовите на екипажот, соопштија турските власти.
Двајца руски патници на возраст од 48 и 39 години се уапсени откако авионот на редовен лет од Манчестер до Даламан во југозападна Турција слетал во Солун, Грција.
Двајцата се соочија со обвинител кој ги обвини за нарушување на мирот, попречување на транспортот и непочитување на упатствата на екипажот. Немало физички пресметки, соопштија властите.
Мажите се ослободени во очекување на судењето во ноември, на кое не се бара да присуствуваат и ќе бидат застапувани од нивните адвокати.
Откако пристигнале во Грција без виза, тие биле приведени во полициска станица, но се очекува да бидат префрлени на лет за Турција.