Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Инцидент по отворањето на македонскиот клуб во Благоевград – граѓанин го нарече Мицкоски предавник и побара да зборува бугарски!

Инцидент по отворањето на македонскиот клуб во Благоевград – граѓанин го нарече Мицкоски предавник и побара да зборува бугарски!

Вербален инцидент се случи денеска во Благоевград меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и граѓанин кој носеше звучник од кој одекнуваа патриотски песни.

Инцидентот се случи по отворањето на клубот кога гостите и домаќините се упатија кон споменикот на таткото на Гоце Делчев.

Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побара од него да зборува бугарски по што насобраните граѓани почнаа да извикуваат „Македонија, Македонија“.

Денешното отворање на клубот се одржува со засилено полициско обезбедување и голем медиумски интерес.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни