Македонија

ИНЦИДЕНТ ВО ЧАИР: Бесни навивачи влегоа во терен – специјалци ги спасуваа фудбалерите на Шкендија

ИНЦИДЕНТ ВО ЧАИР: Бесни навивачи влегоа во терен – специјалци ги спасуваа фудбалерите на Шкендија

Натпреварот Шкупи – Шкенидја од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија е во прекин поради влегување на домашни навивачи на теренот на стадионот во скопската населба Чаир.

Големиот инцидент се случи во 9.минута кога гостите од Тетово поведоа со 1:0. Стрелецот на голот, Дашмир Елези по постигнување на голот ги испровоцира најбучните навивачи на Шкупи. Некои од нив влегоа во терен и ги нападнаа гостинските навивачи.

Веднаш реагираа припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) кои спречија поголем инцидент и ги штитеа фудбалерите на Шкендија на патот кон соблекувалните.

Нешто подоцна двете екипи се повлекоа во соблекувалните.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни