Околу 200 автобуси од Македонија денеска се регистрирани во Црна Гора, односно во популарното туристичко место Будва за дочекот на Новата година.
Како што јавува екипата на ТВ21 која се наоѓа во Будва, туристичките работници биле задоволни од посетеноста оваа зима за дочекот на Новата година.
Над 10.000 граѓани на Македонија до денеска на пладне се регистрирани како туристи во Будва.
Сместувачките капацитети се по пристапна цена, а еден апартман чини околу 50 евра. На наше прашање зошто токму Будва е најбарана дестинација, од агенциите велат дека причината е во добрата забава и пристапните цени. Цените во маркетите се речиси исти како и во Македонија.
Предновогодишните забави се веќе во тек во Будва, за најлудата ноќ во годината ќе се погрижи Дино Мерлин, а ТВ 21 ќе има и ексклузивно интервју на само неколку часа пред новата година.
Во Будва живеат околу 17.000 жители, а во текот на летната сезона се регистрираат до 250.000 туристи. Еден од најскапите хотели е Сплендид каде Мадона го прославија својот 50 роденден. На неколку километри од Будва се наоѓа и островот Св. Стефан кој во текот на зимската сезона е затворен за посета, а во текот на летото една посета од 10 минути чини 30 евра.
За ТВ21 од Будва, Јовица Пауноски
