Свет

Иран изврши нови напади врз американските бази во Катар, Кувајт и Ирак

Иран изврши нови напади врз американските бази во Катар, Кувајт и Ирак

Иран започна нов бран ракетни напади врз американската база во Катар, врз кампот во Кувајт и врз базата во Ирак, соопшти денес Корпусот на исламската револуционерна гарда (IRGC).

Покрај тоа, иранската војска започнала „масовен ракетен напад“ врз Петтата флота на САД во регионот, а агенцијата ISNA пренесува дека „оперативната инфраструктура на американската војска е уништена“, наведувајќи дека станува збор за „најразорната и најтешката операција“ од почетокот на војната.

Претходно портпарол на иранската војска ги повика земјите од регионот на Блискиот Исток да ги откријат засолништата на „американско-ционистичките сили“, тврдејќи дека американските и израелските сили убиваат цивили.

Тој ги повика земјите од регионот да му откријат на Иран каде се кријат американските и израелските сили, со цел „да се намали штетата врз цивилите“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни