Портпаролот на Централниот штаб на иранската армија, полковник Ибрахим Золфгари, денеска изјави дека одговорот на американско-израелскиот напад врз таа земја ќе се проширува и интензивира, додавајќи дека иранската војска продолжува да пресретнува израелски и американски авиони и дронови низ целата земја.
Тој рече дека Израел се обидел да ги сокрие своите воени ресурси меѓу цивилни подрачја, но дека иранските сили продолжуваат да ги лоцираат и напаѓаат, пренесува „Прес ТВ“.
„Кукавичките воени сили и објекти на ционистичкиот режим се сокрија меѓу цивилните и јавните објекти. Но откривањето и нападите врз агресорите ќе продолжат, а во наредните денови трендот на нападите ќе стане поинтензивен и пошироко распространет“, изјави тој.
Според неговите зборови, иранската војска рано утринава следела и уништила еден борбен авион F-15E и четири напредни извидувачко-борбени дрона – Hermes 900 и MQ-9 – на небото над западните, југозападните и јужните делови на земјата.
Американско-израелските напади врз Иран започнаа во саботата, на 28 февруари, а Иран одговори со напади врз цели во Либан, Бејрут, Кувајт и други блискоисточни земји, пренесува Танјуг.
