Иран преку Пакистан им упатил нов мировен предлог на Соединетите Американски Држави со цел војната да заврши во рок од 30 дена, а постојниот прекин на огнот да се претвори во траен мир. Детали за најновиот ирански план во три фази објави Ал Џезира.
Детали од мировниот план
Според извори, иранскиот план се состои од три главни фази. Предлогот предвидува и обврска за ненапаѓање, која би важела и за Израел, со цел да се спречи обновување на конфликтот и да се запрат борбите на целиот Блиски Исток.
Во првата фаза постепено би се отворил Ормутскиот теснец и би се укинала американската блокада на иранските пристаништа, додека Техеран би ја презел одговорноста за отстранување на морските мини.
Барањата на Техеран и американската реакција
Најновиот ирански предлог, составен од 14 точки, претставува одговор на американски план од девет точки. Според полуофицијалната новинска агенција „Нур Њуз“, блиска до иранските безбедносни служби, Техеран од САД бара укинување на санкциите, прекин на поморската блокада, повлекување на американските сили од регионот и прекин на сите непријателства, што го вклучува и израелскиот воен ангажман во Либан.
Иако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела го одбил иранскиот предлог, разговорите продолжиле, а според информациите, кревкото тринеделно примирје и натаму се почитува.
Во екот на новите дипломатски напори, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска разговарал со неговиот омански колега Бадр ал-Бусаиди. Оман претходно посредуваше во претходните рунди преговори меѓу САД и Иран пред избувнувањето на војната.
