Три лица загинаа, а најмалку 58 беа лесно повредени во иранските одмазднички напади врз Обединетите Арапски Емирати, соопшти Министерството за одбрана на земјата во неделата. Според соопштението, граѓани на Пакистан, Непал и Бангладеш ги загубија животите откако иранските беспилотни летала ја пробија воздушната одбрана и предизвикаа штета на земјата.
Министерството соопшти дека Иран лансирал вкупно 165 балистички ракети кон ОАЕ. Воздушната одбрана на земјата уништила 152 од нив, додека 13 паднале во морето. Исто така, биле откриени и уништени две дополнителни крстосувачки ракети.
Во нападот биле вклучени и 541 беспилотни летала, од кои 506 биле пресретнати, додека 35 паднале на територијата на Емиратите, се вели во извештајот.
„Како резултат на пресретнувањето на балистички ракети и беспилотни летала, нивните остатоци паднале во различни области на земјата, предизвикувајќи мала и умерена материјална штета на бројни цивилни објекти“, додаде министерството во соопштението.
The UAE authorities have stated that they do not intend to “leave unanswered” the missile attacks carried out by the Islamic regime in Iran.
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 1, 2026
According to Defense Ministry, Iran launched at least 137 ballistic missiles and 209 drones at the UAE’s territory over the past day. pic.twitter.com/DqksHEU9SG