Привремениот владејачки совет на Иран одлучи да ги запре нападите врз соседните земји од Блискиот Исток доколку не се извршат напади врз Исламската Република од нивна територија, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, цитиран од агенциите.
„Привремениот совет вчера одлучи дека нема да има повеќе напади врз соседите и лансирања на ракети доколку не се извршат напади врз Иран од нивна територија“, рече Пезешкијан во обраќање на државната телевизија.
Веста беше објавена иако Исламската Република денес продолжи да извршува напади во регионот како одговор на американско-израелските напади, забележаа агенциите.
