Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан им порача на соседните заливски држави дека Техеран „немал друг избор“ освен да возврати на нападите. Тој истакна дека Иран се обидел да избегне војна по дипломатски пат, но дека американско-израелските напади го оставиле без друга можност.
„Го почитуваме вашиот суверенитет“, напиша Пезешкијан во две одвоени објави, на арапски и на персиски јазик, на платформата X. Тој додаде дека Иран верува оти безбедноста во регионот мора да се постигне со заеднички напори.
Во пораката тој наведе дека Иран се обидел, со помош на пријателските и соседните земји и преку дипломатија, да избегне војна, но дека американско-ционистичкиот воен напад не му оставил друг избор освен да се брани. Нагласи дека Техеран го почитува суверенитетот на соседите и дека и понатаму смета оти мирот во регионот треба да го обезбедат самите земји од регионот.
Реакција на тврдењата за целите
Неговите коментари уследија по телефонскиот разговор меѓу катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани, и иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи. Во разговорот, Аракчи ги отфрлил тврдењата дека Техеран во нападите таргетирал исклучиво американски интереси во Катар.
