Свет

ИСТА СУДБИНА КАКО ТИТАНИК?! – Од подморницата нема трага, имаат кислород до 13:18 часот

Повеќе бродови и авиони, вклучително и оние на американската и канадската војска, се вклучени во трка со времето за пронаоѓање на петте преживеани од потопницата Титан, која исчезна во неделата вечерта во близина на остатоците од Титаник и чии резерви на кислород се ограничени.

Американската крајбрежна стража процени дека кислородот за луѓето во подморницата може да снема денес во 13:18 часот.

Според Би-Би-Си, капетанот кој ја води потрагата рекол: „Не знаеме каде се тие, да бидам искрен со вас“.

Далечински управувани роботски возила (ROV) опремени со камери ќе ги скенираат длабочините на морското дно во текот на целиот ден.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни