Свет

Истанбул најатрактивен град за туристи во Европа ова лето

Истанбул најатрактивен град за туристи во Европа ова лето

Истанбул е на врвот на европските градови ова лето како врвна туристичка дестинација, пишува Hurriyet Daily News, повикувајќи се на ForwardKeys, компанија за анализа на податоци за патувања.

Истанбул забележа пораст од два отсто на странски посетители во споредба со нивоата пред пандемијата на Ковид.

По турскиот град следуваат грчката престолнина Атина, која забележа пад од 7 отсто, исландскиот главен град Рејкјавик и португалскиот град Порто, кој објави намалување од 8 отсто во споредба со периодот пред пандемијата.

Турција го надмина нивото на посети со авиони од странство пред пандемијата за девет отсто, а Грција за два отсто, покажуваат и податоците на компанијата.

Албанија, која има удел од само еден процент од воздушниот сообраќај во Европа, забележа пораст од 28 отсто во посетите од странство во споредба со периодот пред пандемијата.

ForwardKeys како главни фактори кои придонесуваат за добрите перформанси на Турција го наведува падот на вредноста на турската лира и фактот дека земјата останува отворена за рускиот пазар, каде што се забранети директните летови до поголемиот дел од Европа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни