Балкан

Истрага за пожарите во Грција, четворица уапсени

Грчката полиција уапсила четворица осомничени за подметнување на еден од пожарите во предградие на Атина, во кој изминатите два дена животот го загубија 80 луѓе, меѓу кои и деца. Повеќе од 180 луѓе се повредени, а десетици се водат како исчезнати.

Грчките медиуми јавуваат дека четворицата уапсени се на возраст од 22 и 26 години, а се приведени додека се криеле во една од напуштените куќи. Причините за повеќето пожари во населбите во крајбрежните делови на Атина официјално сè уште не се соопштени, ги утврдуваат надлежните органи, кои истовремено укажуваат на тоа дека помошта до загрозените места стигнала предоцна, како и дека не постојат планови за евакуација во таква ситуација.

Како што се наведува, голем дел од уништените објекти по должина на брегот биле изградени бесправно. Според последните информации, во пожарите на Атина настрадале 80 луѓе, но сè уште се регистрираат имињата на исчезнатите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни