Истражувањето вели – возачите на оваа марка возила се најагресивни во сообраќајот

Многумина можеби имаат лоши сообраќајни искуства со возачи на некои марки на автомобили. Дали возачите на Тесла и БМВ имаат поинаков стил на возење од оние што возат Тојота и Волво?

Осигурителната компанија Storebrand преку Норстат спроведе истражување за возачките навики на Норвежаните и меѓу другото откри кои се највнимателните и најагресивните возачи во сообраќајот. Истражувањето е интересно бидејќи и во Норвешка има многу електрични автомобили.

Многумина можеби имаат лоши сообраќајни искуства со возачи на некои марки на автомобили. Но, кои автомобили имаат најагресивни сопственици, а кои највнимателни?

BMW е очигледно на врвот на листата и испитаниците сметаат дека возачите на овие автомобили се најагресивни. Така мислат дури 53 отсто од анкетираните.

Во оваа скала доминираат марки кои се познати по скапите автомобили. По BMW, се Audi (37 отсто), Тесла (30 отсто), Порше (18 отсто) и Мерцедес (15 отсто).

Највнимателни во сообраќајот се возачите на следните марки: Тојота (23 отсто), Волво (17 отсто), Шкода (12 отсто), Фолксваген (10 отсто), Опел (8 отсто).