Свет

Италија: Предупредување за невреме, опасност од поплави и денеска на сила во Тоскана

Италија: Предупредување за невреме, опасност од поплави и денеска на сила во Тоскана

Портокаловото предупредување за бранови на невреме, ризик од поплави и силен ветер на брегот на Тоскана од север до Пиомбино останува во сила и денеска до 18 часот, објавија претставници на регионот Тоскана.

Поради опасност од поплави, во северниот дел на Тоскана останува жолтото предупредување, пренесе Анса.

За утре, регионот издаде жолто предупредување за опасност од поплави и силни грмотевици во северозападна Тоскана, како и бранови на невреме во архипелагот и силни ветрови во јужна Тоскана.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни