Свет

Италија: Забава со трагичен крај – во стампедо во диско клуб загинаа шест лица

Шест лица, од кои пет малолетници загинаа синоќа откако забавата во еден мал град во близината на Анкона се формираше стампедо. Исто така со тешки повреди се здобиле 12 лица, а помали повреди имале 35 лица.

Меѓу загинатите се три девојчиња и две момчиња, како и возрасна жена мајка која била со својата ќерка на концерт во диско клубот во градот Кориналда каде настапувал познат италијански рапер.

Засега не е познато колку луѓе во моментот на несреќата се наоѓале во клубот.

Според неофицијални информации, публиката почнала да бега откако некој почнал да истура сомнителна супстанца.

Тинејџер (16) изјавил дека сопствениците на клубот играле кога се случило стампедото, а истиот тој на полицијата и соопштил дека најмалку еден влез за итен излез бил затворен.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни