Италијанските демонстранти се залагаат за акција против сексуалното насилство во Католичката црква

Активистите за борба против насилството денеска протестираа во близина на амбасадата на Ватикан во Италија, барајќи акција против сексуалната злоупотреба во Римокатоличката црква во услови на тековни дискусии за тоа како да се организира таква истрага, објави Ројтерс.

Мала група демонстранти се приближи до зградата на Апостолската нунцитура, во близина на центарот на Рим, носејќи постери со слики на мажи и жени во долна облека обоена со крв. Активистка од групата носеше превез на главата, каков што носат калуѓерките.

Се вчитува...

Демонстрантите рекоа дека биле инспирирани од протестот овој месец во главниот град на Естонија, Талин, со цел да се привлече вниманието на наводното насилство врз жените од страна на руските сили во Украина. Учесниците во оваа акција биле и во долна облека со дамки од лажна крв.

Италијанските бискупи се поделени околу тоа дали целокупната истрага треба да биде внатрешна и да користи ресурси како што се епархиски комисии против насилство или дали треба да биде спроведена од надворешна група, можеби вклучувајќи академици, адвокати и експерти. Тие се поделени и околу тоа дали да се ограничи истрагата на блиското минато или да се вратат децении наназад.

Еден од учесниците на денешниот протест рече дека за да се изнајде решение на состојбите потребно е непристрасно тело како што е државата, но со години таа е главната отсутна страна во овој проблем.