Македонија

Итна седница во ЦУК за пожарот во Тетово – ова се одлуките

Итна седница во ЦУК за пожарот во Тетово – ова се одлуките

Денеска, во 17,00 часот, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа Втора итна седница на Групата за процена, на којашто претседаваше директорот на ЦУК, Стпјанче Ангелов, раководител на Групата, а во врска со проценување на состојбата од ширењето на активниот пожар во фабриката во Тетово.

Групата за процена ја разгледа состојбата и процени дека нема опасност од ширење на пожарот во Тетово и заклучи дека не се исполнети условите за прогласување на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Тетово.

Инаку, пожарот на фабриката во Тетово е ставен под целосна контрола, делумно е изгаснат и се работи на негово целосно гасење

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни