Итно се повлекува патничко возило од пазарот во Србија, можен е ризик од повреди!

Националната организација на потрошувачи (НЕПРО) во Србија денеска објави на веб-страницата на Министерството за внатрешна и надворешна трговија дека патничкото возило „Шкода Кодиак“ итно се повлекува од пазарот.

Причината за повлекувањето е ризик од повреди, а засега нема други детали.

Побарано е повлекување на „Патнички возила од марката Шкода, модел Кодиак, произведени во периодот од 01.07.2024 година до денес“. 

Цената на овој автомобил во Србија е од 40.800 евра.