Лековите Инвермектин и Клексан се „спасот“ за граѓаните додека не пристигне вакцината во Македонија. Граѓаните минатата недела велат дека во некои аптеки го има, во други не, но зошто е тоа така.
Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во емисијата „10 минути“ на ТВ21 рече дека побарувачката е зголемена, но дека залихи има и тие постојано се зголемуваат.
Вакцината ја очекува целиот свет и тоа е инструментот кој ќе ја промени целата слика и пандемијата да спласне, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
„Ние аплициравме во неколку механизми, преку ковакс механизмот во петок имаме закажано состанок со претставниците, за да ни кажат кога точно ќе пристигнат во февруари и колкава количина ќе пристигна во земјава“, вели министерот за здравствено Венко Филипче во емисијата „10 минути“ на ТВ21.