Македонија

Избори се ближат – повисоки плати и пензии, буџетот проектиран на 3,9 милијарди евра

Буџетот за 2020 кој денеска помина на редовната владина седница е проектиран на 3,9 милијарди евра.

Ќе се зголемуваат пензиите од 700 до 730 денари, а вкупното покачување до крајот на годината ќе изнесува од 850 до 900-тини денари.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска вели дека наместо да се унапредувале, во изминатиот период се уназадувале основите на човечкиот капитал.

На овие проекции на Владата реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, кои велат дека буџетот ќе се потроши на популистички и неразвојни програми.

Во предлог-буџетот кој го изработи Владата, предвидени се и 10 милијарди денари за одбраната. Со овие пари министерката Шекеринска вели ќе може да се модернизира во сите делови од Армијата, согласно долгорочниот план.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни