Македонија

Изборите сѐ поизвесни во јули, партиите никако да се договорат, Пендаровски им „купи“ време

Со прогласувањето на новата вонредна состојба избори на 21 јуни нема да има. За ова се залагаше СДСМ, иако останатитите партии, но и првиот човек на Државната изборна комисија беа против. Кога ќе завршат новите 14 дена, доколку нема договор помеѓу партиите, а почнат да течат роковите според уредбата на Владата, тогаш изборите би требало да се одржат на 5 јули, бидејќи е недела, а токму на тој ден се навршуваат 22 дена по завршувањето на новата вонредната состојба.

ВМРО-ДПМНЕ иако пред извесно време беше за избори, сега велат не сакаат да зборуваат на оваа тема во услови кога расте бројот на заразени.

-ВМРО-ДПМНЕ  е подготвена за избори кога и да се случат. Математиките на Заев, диктатот на Заев и исполнувањето на желбите преку Спасовски, навистина се надвор од фокусот на вниманието на ВМРО-ДПМНЕ и во овој момент се чувствувам непријатно да зборувам за било каква дата за одржување на избори, кога се уште броиме мртви на дневна основа, по 3-4, и кога се уште броиме новоинфицирани на дневна основа по 30, 40, 50 како што беше вчера-рече Мицкоски.

Од СДСМ тврдат дека пред летните одмори е најдобриот период за избори. Според нив ниту за на есен не смее да се чека, бидејќи е можен нов бран на Ковид-19.

-Какви било идеи за избори среде лето или на есен се небулозни и опасни.

Избори среде лето ќе го загрозат гласачкото право на граѓаните, односно ќе предизвикаат кофликт на правото на глас со правото на одмор. Избори на есен се опасна идеја по здравството и економијата. Државата не смее да продолжи да функционира со техничка влада и без Парламент. Овие две инститиции мора да се во полн технички и политички капацитет, заради успешно справување со Ковид-19-велат од СДСМ.

За ДУИ 5 јули е идеален датум за предвремените избори.

-Ние се уште опстојуваме на тој датум, дека е добар датум бидејќи ако се гледа од правен аспект ние сме во ситуација во која што сме. Немаме функционално собрание, истовремено се справуавме со пандемијата, односно со Ковид-19, но во интерес на државата и граѓаните треба да имаме функционални институции кои освен со пандемијата да се справуваат и со економската ситуација, која што е најголем проблем кај сите земји во регионот и пошироко-вели Блерим Беџети.

Според Пендаровски, партиите се блиску до договор, а додава дека во вакви услови, изборите не мора да се одржат во недела.

-Во тие нивни комуникациска размена на мислења, се спомнува и неработен ден како можност за гласање, не само недела како што е досега, бидејќи тоа е можно, со промена на закон или со уредба, може да се гласа и во среда да речеме. Меѓутоа она што јас го знам е дека во последните два дена тие комуникации се прекинати, претпоставувам заради новиот развој на ситуацијата, меѓутоа јас реков и сакам да го нагласам уште еднаш, во рамките на пораката до лидерите на парламентарните политички партии. Државата не може вечито да биде во вонредна ситуација за некако да функционира.

Предвремените парламентарни избори беа закажани за 12-ти апарил. Сепак, поради епидемијата со новиот вирус тие се одложени. СДСМ предлага брзи избори, ВМРО-ДПМНЕ не спомнува датуми, ДУИ е во улога на посредник помеѓу двете најголеми партии, а коалциијата Алијанса-Алтернатива предлагаа изборите да се одржат на 26 јули. За ова прашање имаше две лидерски средби кај претседателот Пендаровски на кои не беше постигнат договор.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни