Македонија

Избрана компанијата за автопатот Скопје – Блаце, работите почнуваат пред изборите

Градежните работи за автопатот Скопје – Блаце ќе започнат пред изборите во април. Ова го изјави премиерот Заев кој додаде дека повеќе се концентрирани на вториот дел од автопатот.

Од друга страна вицепремиерот Бујар Османи соопшти дека е избрана компанијата која ќе го врши асфалтирањето на автопатот. Меѓутоа не е откриено името на компанијата која го добила тендерот. Тој рече дека тоа треба да го соопшти директорот на ЈП Македонски патишта, Зоран Китанов.

Директорот на ЈП Македонски патишта, Зоран Китанов за ТВ21 рече дека се уште не може да се објави името на компанијата која го добила тендерот бидејќи според законот за јавни набавки има рок од 10 дена за жалби. Првиот дел од автопатот Скопје – Блаце е долг два километра и е асфалтиран со средства од ЈП Македонски патишта, додека вториот дел за кој што се уште не е објавен тендер е долг 10,5 км и ќе биде финансиран со средства од ЕУ, која издвои 27 милиони евра грант неповратни средства.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни