Балкан

Издадена е наредба за апсење на Милорад Додик!

Издадена е наредба за апсење на Милорад Додик!

Обвинителството на Босна и Херцеговина издаде налог за апсење за сослушување на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик , премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ.

Додик, Вишковиќ и Стевандиќ треба да бидат приведени од правосудната полиција со помош на која било полициска агенција, пишува Klix.ba.

Обвинителството ги товари за сторено кривично дело – напад на уставниот поредок.

Тие претходно не се одзваа на поканата за распит од Обвинителството на БиХ. Додик минатиот четврток изјави дека ја добил поканата, а во понеделникот го тврдеше спротивното.

Доколку тројцата не бидат приведени, ќе биде издадена внатрешна потерница според која секоја полициска агенција во БиХ може да ги уапси, вклучително и Граничната полиција.

Доколку не бидат фатени според таа потерница, тогаш ќе биде издадена Интерпол или меѓународна потерница.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни