Изгласан Закон за спречување корупција, Македонија конечно ќе добие антикорупциска комисија

По скратена постапка, со европско знамеце и со 81 глас ЗА, попладнево Собранието го изгласа Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Според министерката за правда Рената Дескоска ова е квалитетен закон, изработен според препораките на Европската комисија и експертската група на Прибе.

Меѓудругото, со новиот закон се менуваат критериумите за избор на членов на Антикорупциска, се зголемуваат надлежнистите на Комисијата, при што таа од сега ќе води постапка за контрола на финансирањето на политичките партии и ќе ја следи законитоста на финансирањето на изборни кампањи. Во текот на вчерашниот ден, при расправата во собраниската комисија, беа прифатени 20 од вкупно 40 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, државата повеќе од 10 месеци е без антикорупциска комисија.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното