Изгласани дополнувања на Законот за извршување на Буџетот

Собранието денеска го усвои Закон за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

Се вршат дополнувања на одредбите од постојниот закон, според образложението, со цел зголемување на транспарентноста во користење на наменски планираните средства, согласно јасно дефинирани услови и критериуми утврдени во програма донесена од Владата на РМ.

Дополнувањата не ги поддржаа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што рекоа Зоран Илиевски и Илија Димовски, со нив, без никакви критериуми, ќе се поделат 50 милиони денари на печатени медиуми, спротивно на заложбите на владејачката СДСМ во време додека беше опозиција.

 

Извор: ТВ21