Утрово околу 8 часот на паркингот кај трговскиот центар „Скопјанка“ се запали автомобил „форд транзит“ со скопски регистарски таблички и речиси целосно изгоре.
Благодарение на брзата реакција на сопственикот на возилото, соседите и пожарникарите спречија поголема штета на околните возила. Никој не е повреден.
Фото: А1он