Балкан

Изгорени автомобили, куќи, бродови – едно лице загина, а 42 се повредени во катастрофалниот пожар во Хрватска

Изгорени автомобили, куќи, бродови – едно лице загина, а 42 се повредени во катастрофалниот пожар во Хрватска

Изгорени автомобили, уништени куќи и опожарени бродови е билансот што го откри утрото по страшниот пожар што го зафати подрачјето околу Омиш и Сплит, Хрватска. Во огнената стихија загина едно лице, а 42 се повредени, од кои осуммина се во критична состојба и се борат за живот на респиратор.

Сплитската полиција го пронашла телото на починатата жена на локацијата Мала Лука. Според првичните неофицијални информации, станува збор за туристичка работничка од Босна и Херцеговина која бегала од огненот невредме со свои колешки.

„Сликите беа застрашувачки. Луѓето се обидуваа да спасат што може да се спаси, но ветерот брзо ја менуваше насоката. Направена е огромна материјална штета“, изјавуваат локалните жители.

Лекарите од Клиничкиот центар во Сплит имале драматична ноќ. Поради сериозноста на изгорениците, четири лица се итно префрлени на лекување во Загреб, меѓу кои и една малолетничка. Меѓу повредените има и двајца странски државјани со полесни повреди.

Огнот, чиј огнен фронт се протегал и до 10 километри, се ширел со голема брзина. Семејства и туристи раскажуваат за драматичните моменти на евакуација:

  • „Бевме во куќата и разговаравме за пожарот. Во една секунда огнот стигна до нас и сè изгоре“, изјави загрижен чешки турист.
  • Сопственици на апартмани брзо ги евакуирале гостите, додека локалните жители со сопствени бродови цела ноќ превезувале деца и постари лица на безбедно.

Покрај човечките жртви и повредени, материјалната штета е огромна. На терен влечни служби веќе отстраниле десетици изгорени возила за да се расчистат патиштата, додека надлежните и обвинителството вршат увид на опожарените површини.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни