Најмалку едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени кога два автобуса се судрија на главниот меѓународен аеродром во Иран во близина на главниот град Техеран, објавија државните медиуми.
„За жал, имавме еден смртен случај во овој инцидент“, изјави полициски службеник на меѓународниот аеродром Имам Хомеини за државната телевизија. „Во инцидентот се повредени над 30 лица“, соопшти државната телевизија, без да ја прецизира нивната националност. Полицискиот претставник рече дека 11 од нив се „тешко повредени“.
Аеродромот Имам Хомеини е главниот меѓународен аеродром во Техеран, кој се наоѓа на околу 30 километри југозападно од главниот град.