Излезе трејлерот за продолжението на „Сексот и градот“

Фановите ширум светот едвај го исчекуваат продолжението на култната серија „Сексот и градот“.

Особено откако излезе веста дека се снима продолжение. Датумот кога повторно ќе може да ги гледаме омилените актерки е сè поблиску, а сега излезе и првиот трејлер од продолжението наречено „And Just Like That“.

Приказната ги следи њујорчанките во нивните 50-ти години од животот и проблемите со кои сите жени се сретнуваат во оваа доба. Она што сигурно не е сменето е нивното пријателство, како и авантурите кои едвај чекаме да ги гледаме.

Покрај новите изненадувања, оригиналната постава е иста – Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон во улогите на Кери, Шарлот и Миранда и Крис Нот во улога на Ѕверката.