Согласно податоците од ДИК, вкупно во државата до 11 часот гласале 135.906 граѓани, или 10,2%. Право на глас имаат вкупно 1.824.864 гласачи.
Новаци со 26.62% е општината каде што до 11 часот имало најголема број на излезност.
Од ДИК на прес-конференцијата во 11:30 часот, повторно кажаа дека имало проблеми со уредите за идентификација од отисок од прст.
Во избирачко место во Росоман, гласањето ќе биде продолжено за час и половина.
