До МВР не стигнала пријава за случај за злоупотреба на фотографија на 10 годишниот Олти. ТВ21 пред неколку дена контактираше со семејството на Олти кое стана жртва на злоупотреба на социјалните мрежи. На отографијата на Олти беше напишано лажно име – Алтон од Куманово боледува од болест на бубрезите и му се потребни 4 илјади евра за лекување. Неговиот татко, Арѓенд Паќаризи рече дека случајот ќе го пријави во Шведска, каде што живее.
„Ве известуваме дека до овој момент во СВР Куманово не е пријавен ваков случај, но Ве молиме да ни ги доставите сите информации кои ги имате за натамошна постапка“, велат од МВР.
Во замка падна и лице од Куманово кое поверувало дека детето е болно и дека мајката е самохран родител и дека навистина има потреба од операција. Лицето кое беше измамено сакаше да остане анонимно, но ни раскажа како изгледаше жената.
„Жената беше со зелена марама и облечена со црно. Ми рече дека живее под кирија во населба Соколана, но ми рече дека моментално се наоѓа во здравствен дом Куманово. Ми рече да се сретнеме таму. Отидов и и дадов 200 евра. Имаше дете со себе, во количка. Не и поставив прашања, но ако ја видам можам да ја идентификувам“, вели измаменото лице.
Таткото, Олти, вчера раскажа како се почувствувал кога видел дека фотографијата на неговиот син се злоупотребува.
„Ја земале и злоупотребиле сликата на мојот син во Куманово. Кога видовме ни падна тешко бидејќи нашиот син е здрав како дрен и не се вика Аљтон и нема 7 години. Ова е Олти, 10 годишен. Живееме во Шведска, а од Косово сме. Кога ја видовме сликата не’ погоди многу тоа. Се чувствувавме многу лошо“, посочи Арѓент Паќарази.
ТВ21 контактираше со бројот кој беше објавен за помош, но тој веќе е блокиран.
.
