Измамник на пешаците им наплаќал казни за поминување на црвено: Некои наседнале на фората, па останале без пари

Јавниот обвинител на Третото основно јавно обвинителство во Белград го сослуша уапсениот Д.Ќ. (46) поради сомнение дека во текот на септември и ноември на териториите на Земун и Нови Белград лажно се претставувал како дежурен полициски службеник и наплаќал казни од пешаци кои ја поминувале улицата додека семафорот бил црвен.

– Д. Ќ. е обвинет дека им приоѓал на пешаците кои поминувале улица на црвено светло и лажно се претставувал како дежурен полициски службеник. На телефонот им покажал фотографија од службената легитимација и им одзел вкупно 17.000 динари – се наведува во соопштението на обвинителството.

Се вчитува...

На рочиштето, се додава, обвинетиот во целост го признал извршувањето на кривичното дело што му се става на товар. Третото основно јавно обвинителство во Белград, имајќи ги предвид неговите претходни казнени пресуди, до Третиот основен суд во Белград поднесе предлог да му се одреди мерка притвор до 30 дена поради постоење околности кои укажуваат дека ќе ја повтори кривично дело доколку биде ослободен.