ИЗНЕНАДУВАЊЕ: На „туѓа“ венчавка, кумот изненаден од невестата

Еден 40-годишен Британец по име Пол Шопрони со години се обидувал да ја убеди својата девојка Алаше Пилаве да се омажи за него, но таа постојано го одбивала.

По неколку години, таа сепак се предомислила и се одлучила да се омажи за него, а тоа му го покажала на уникатен начин, пишува Метро.

„Последниве две години, тој ми бараше да се венчаме околу 30 пати на ден… А, јас бев во брак двапати претходно и малку се двоумев да го повторам сѐ тоа“, признава Алаше.

Таа организирала лажна венчавка, односно венчавка за пријатели, а Пол требало да биде кумот.

Кога дошло време за свеченоста да започне, вистинската невеста влегла во просторијата облечена во бела венчаница, а во позадина свирела нивната омилена песна.

На почетокот, Пол бил збунет, но набрзо сфатил дека токму тој е младоженецот па се насмеал и започнал да игра, додека пак гостите ракоплескаа.

Откако ја заврши песната, Алаше клекна пред Пол и го запроси. Тој, на шега, прво избега од неа неколку чекора, па се врати и ја бакна својата идна сопруга.