Свет

Израел ќе се бори до победа во Газа, Хамас ослободи две Американки

Израел ќе се бори до победа во Газа, Хамас ослободи две Американки

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека „ќе се бори до победа“ во Газа, сигнализирајќи дека нема да ги прекине воздушните напади и очекуваната копнена операција во енклавата откако палестинската исламистичка група Хамас ослободи двајца американски заложници, објави Ројтерс.

Џудит и Натали Раанан, мајка и ќерка кои беа киднапирани од борците на Хамас на 7 октомври, сега повторно се собраа со своите роднини во Израел. Тие се првите киднапирани чие ослободување е потврдено од двете страни во конфликтот.

„Двајца од нашите киднапирани се дома. Не се откажуваме од нашите напори да ги вратиме сите киднапирани и исчезнати. Во исто време, ќе продолжиме да се бориме до победа“, рече Нетанјаху таа вечер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни