Ја потстрижал ќерка си ќелава, затоа што и се потсмевала на соученичка болна од рак

Еден татко на тинејџерка, на познатата страница Редит откри дека ја натерал својата ќерка да си ја потстриже косата.

Иако неговата поранешна сопруга била многу вознемирена поради оваа постапка, сепак тој тврди дека има добра причина за тоа.

Имено, девојчето и се потсмевало на соученичка која била болна од рак.

„Мојата поранешна сопруга и јас имаме 16-годишна ќерка. Имам старателство над неа бидејќи мојата сопруга се пресели кај нејзиното ново семејство. Го спомнувам ова зашто не се консултирав со мојата сопруга пред мојава постапка и таа сега ме осудува мене. Мојата ќерка неодамна ѝ се потсмеваше на соученичка која ја загубила косата поради лекување од рак. Таа дури ѝ ја симнала периката. Наводно, тоа било продолжение на претходна расправија меѓу нив двете – што не е изговор за однесувањето на ќерка ми. Јас не ја воспитував ќерка ми да се однесува така кон луѓето. Бев згрозен од нејзиниот став“, објаснува таткото.

За работите да бидат уште полоши, ќерката дури не се ни покајала за однесувањето.

На неа и биле дадени две опции:

„Смета дека девојката го заслужува тоа, па така, ѝ дадов на мојата ќерка две можности за казна – одземање на цела електроника, вклучително и мобилниот телефон, што таа никогаш нема да го направи, а јас никогаш нема да ѝ купам друг, или да одиме на фризер и да си ја избричи главата“, заклучува таткото.

Некои од следбениците упатија поддршка кон таткото и додаваат дека се надеваат оти девојчето ќе сфати дека омразата и инаетот не решаваат ништо.