Десетици печки во дворот на средното училиште на Сарај.
Граѓаните ги доставуваа таму бидејќи греењето со дрво го заменија со инвертер.
Добиле писмо од општинските службеници за да ја испорачаат печка. Велат дека повеќе нема да се греат на дрва.
И за да се избегне злоупотреба, во следните две години ќе има домашни проверки, а за тоа пријавените се согласиле во текот на поднесувањето на барањето.
Само во општина Сарај на 160 семејства им е прифатено барањето за инвертер.
„Општина Сарај ги презема сите чекори за известување, ги одреди и приоритетните населени места и досега 160 семејства се пријавиле во рамките на Град Скопје, се надеваме дека со понатамошното продолжување ќе има уште повеќе граѓани кои ќе се пријават и сите ќе придонесеме за почиста животна средина“, посочи Блерим Беџети.
Досега се пристигнати 4060 пријави за субвенции во Град Скопје, додека засега процесот е суспендиран, со цел да се разгледаат примените пријави. Доколку сите не ги исполнуваат условите, се очекува повикот повторно да се отвори за да се потрошат сите предвидени средства.
Предвидени се вкупно 5400 субвенции, а тоа подразбира 5400 оџаци помалку кои го загадуваат воздухот. Вакви субвенции има и во Тетово, Битола и Кичево.
.
