„Ја шминкав козата, таа беше моја другарка“ – Јована Јеремиќ повторно со урнебесна изјава!

Јована Јеремиќ, која моментално ја води утринската програма на ТВ Пинк, е позната по своите изјави кои се прераскажуваат и коментираат постојано.

Во една емисија, популарната водителка раскажа детали од своето детство и ја насмеа целата нација со деталите што ги откри.

Имено, во емисијата „Премиера“, Јована рече дека како мала во селото имала коза која морала да биде најубава, па често ја шминкала:

„Имав коза, Рада, која ја облекував. Ја шминкав со шминката на мајка ми, тогаш имаше крем сенки. Таа мораше да биде најубава во селото. Беше најубавата и најпаметната коза, секогаш ги затвораше очите кога ја шминкав. Таа беше моја пријателка – рече Јована и на тој начин ги насмеа присутните во студиото.