Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоуханието на девствена чистота, со целомудрие.
Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан.
Претрпе биење со стапови, сè дури не ѝ ги скрушија коските. Ѝ се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника ѝ ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света Агрипина.
Од нејзините мошти стануваа безбројни чуда. Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маченичка од пред градот во којшто беа положени. Света Агрипина се упокои во 275 година.
Се верува дека таа е голем заштитник на жените кои на овој ден треба да избегнуваат секаква работа. Наместо тоа, старите велат дека празникот треба да го поминат во мир, да отидат во црква и да запалат свеќа на Света Агрипина и да молат.
„Твојата овца, Исуса, Агрипина, вика со силен глас: „Те сакам, младоженец мој, и те барам страдам, и јас сум распнат и погребан во Твоето крштевање. И страдам за Тебе, да царувам со Тебе, и умирам за Тебе, да живеам со Тебе. Прими ме како чиста жртва, жртвувана со љубов за Тебе.” Преку нејзините молитви, како Најмилостив, спаси ги нашите души“.
Се верува дека на тој начин секоја болка ќе се олесни, а секоја искрена желба ќе се исполни.
