Наука и технологија

Јаглерод и вода пронајде НАСА во примероци од астероиди

Јаглерод и вода пронајде НАСА во примероци од астероиди

НАСА ја запозна јавноста со примероците од астероидот Бену што капсулатаод вселенското летало OSIRIS-REx ги донесе на Земјата на 24 септември.

Очекувано, примероците се богати со соединенија на база на јаглерод и минерали кои содржат вода во својот состав.

Сега претстојат години на детални истражувања, во кои ќе учествуваат научници од целиот свет.

Дел од примероците ќе бидат подготвени за научници кои се уште не се родени и за технологија која се уште не постои.

Матичната летала ја продолжила својата мисија и доколку нема проблеми во април 2029 година, би требало да влезе во орбитата околу астероидот Апофис, кој ќе помине блиску до Земјата на растојание помало од растојанието на геостационерните сателити.