Поранешниот министер Миле Јанакиески денеска не се појави во судот за предметот „ТНТ“ поради позитивен тест на ковид-19, јавува Фокус.
Од таму пишуваат дека неговите адвокати приложиле позитивен тест на ковид-19, кој бил направен во приватната болница „Систина“.
Инаку, доколку до крајот на месецот не се одржи рочиште за овој случај, ќе поминат 90 дена од рочиште до рочиште, а случајот би почнал од почеток.